Северни, Западни и Јужни македонси народни ора
Под Северни ора се подразбираат македонските народни
ора што потекнуваат од: Горен Вардар, Полошката котлина, Скопско ,Скопска Црна гора , Скопска Блатија Велес , и Овчко Поле.
Ората од овој регион се брзи, со
енергични движења, и обично се играат на собори. Ора од овој регион се: Црногорка ,Потрчано , Баба Ѓурѓа , Чучук , Крастачката, Адина и други.
Под Западни ора се подразбираат македонските народни
ора што потекнуваат од: Тетово, Гостивар, Дебар, Мариово, Кичево, Крушево и Поречје.
Женските ора се елегантни и
грациозни, а машките ора се тешки и со многу комплексни движења. Ора од овој
регион се:Тешкото, Невестинското, Чамче, Меткалистето и други.
Под Јужни ора се подразбираат македонските народни
ора што потекнуваат од: Тиквеш, Валандово, Гевгелија, Дојран и Струмица.
Во ората од овој регион често се
среќаваат борбени и ритуални елементи. Ора од овој регион се: Русалии, Тиквешко, Кавадарка, Право Тиквешко, Џамалари и други.